Фото: Официјален фејсбук-профил

Американскиот државен секретар Марко Рубио ги критикуваше сојузниците во НАТО поради ограничената поддршка во конфликтот со Иран и најави можност за преиспитување на алијансата.

Тој посочи дека Шпанија одбила користење на својот воздушен простор и бази за американски операции, како и дека сличен отпор постоел и на други локации.

-Ако НАТО се сведува на тоа ние да ја браниме Европа, а тие да ни ги ускратуваат правата кога ни се потребни, тоа не е добар аранжман – изјави Рубио.

-НАТО не може да биде еднонасочна улица. Сето тоа ќе мора да се преиспита – додаде тој.