Фото: Официјален фејсбук-профил

Русија и САД имаат долг пат пред себе, но двете страни постигнаа напредок за време на самитот во Алјаска, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио по разговорите меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин во Енкориџ.

-Сè уште имаме долг пат пред себе, но постигнавме напредок – изјави Рубио за рускиот „Прв канал“, пренесен од руските медиуми.

На прашањето дали резултатите од преговорите во Алјаска се поттик за мировниот процес во Украина, Рубио рече: „Се надеваме, затоа се сретнавме“.

Државниот секретар не објави кога се очекува следната средба на лидерите на Русија и САД, но изрази надеж дека тоа ќе се случи наскоро, пренесуваат руските медиуми.