Marco Rubio
Фото: ЕПА

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека „нема сомнеж“ оти Кина ќе го затвори Панамскиот канал во случај на конфликт со САД и дека Вашингтон затоа има намера да го реши ова прашање, кое го гледа како закана за националната безбедност.

Рубио, само неколку дена пред да ја посети Централна Америка на своето прво патување во странство по преземањето на функцијата, истакна дека САД се загрижени за кинеското влијание врз Панамскиот канал, кој е стратешки воден пат.

Трамп во својот инаугуративен говор на 20 јануари ја обвини Панама дека го предала управувањето со каналот на Кина, тврдење што панамската влада категорично го негираше. Трамп тогаш вети дека САД ќе ја вратат контролата врз Панамскиот канал, но не прецизираше кога и како.

Панамскиот претседател Хозе Раул Мулино ја отфрли можноста за разговори со Рубио за време на неговата посета на земјата за преземање на контролата врз Панамскиот канал од страна на САД.