Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека Иран е „многу подалеку од нуклеарно оружје“, по нападот на САД врз трите главни ирански нуклеарни објекти за време на викендот.
-Суштината е дека тие се многу подалеку од нуклеарно оружје денеска отколку што беа пред претседателот Трамп да ја преземе оваа смела акција – изјави Рубио за Политико.
Државниот секретар истакна дека американските напади врз трите ирански нуклеарни објекти предизвикаа „значителна штета“.
-Значителна, многу значителна штета беше нанесена на различни компоненти, а ние сè уште учиме повеќе за тоа – рече Рубио.
САД на 22 јуни извршија напади врз три ирански нуклеарни објекти во Фордо, Натанц и Исфахан.