Фото: Официјален фејсбук-профил

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денеска разговараше со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и вети целосна поддршка од Вашингтон по ракетните напади на Иран, соопшти Стејт департментот, пренесува МИА.

Разговорите се одржаа еден ден откако членовите на американскиот Сенат и Претставничкиот дом добија доверливи брифинзи за ситуацијата во Иран.

Според соопштението на Стејт департментот, американскиот државен секретар му рекол на својот турски колега дека „нападите врз суверената територија на Турција се неприфатливи“. Во соопштението се додава дека Рубио вети „целосна поддршка од САД“.

Турција претходно денеска објави дека воздушната одбрана на НАТО уништила иранска балистичка ракета што се движела кон турскиот воздушен простор.