Совет за безбедност (СБ) на Обединетите нации (ОН)
Резолуцијата повикува на „итно, безусловно и трајно примирје во Газа, почитувано од сите страни“. Исто така, се бара „итно и безусловно ослободување на сите заложници што ги држат Хамас и други групи“
Советот за безбедност на ОН вчера требаше да гласа за резолуција со која се повикува на прекин на огнот и неограничен пристап до хуманитарна помош во Газа. Резолуцијата повикува на „итно, безусловно и трајно примирје во Газа, почитувано од сите страни“. Исто така, се бара „итно и безусловно ослободување на сите заложници што ги држат Хамас и други групи“.
Новото гласање е прво во Советот за безбедност (СБ) на оваа тема од ноември, кога САД ја блокираа нацрт-резолуцијата за прекин на огнот со која се повикуваше на прекин на борбите.
Дополнително, центрите за дистрибуција на помош во Газа ќе бидат затворени откако израелската војска предупреди дека патиштата што водат до локациите ќе се сметаат за „борбени зони“.
Хуманитарната фондација за Газа (ГХФ), мрежа за помош поддржана од САД и Израел, која започна со работа минатата недела, соопшти дека ги затвора своите локации поради „работи за ажурирање, организација и подобрување на ефикасноста“.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) велат дека „на луѓето ќе им биде забрането да влегуваат во дистрибутивните центри или да патуваат по патиштата што водат до нив“.
Израелските одбранбени сили велат дека нивните војници отвориле возвратен оган откако основано ги идентификувале осомничени терористи, кои се движеле и стрелале кон нив „отстапувајќи од назначените пристапни патишта“.
ОН предупредија дека повеќе од два милиони луѓе се изложени на ризик од глад во Газа, по целосната израелска забрана за испорака на храна и друга помош што траеше 11 недели. Р.С.