Околу 700 мигранти го преминаа Ла Манш со 14 мали чамци, што е рекорден број премини во еден ден од почетокот на оваа година, соопшти денеска британското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека каналот меѓу Велика Британија и Франција вчера го поминале 696 мигранти, а претходниот рекорд е забележан во април кога поминале 651 мигрант.
Француските власти запреле брод со 35 луѓе, јави „Би-би-си“.
Податоците на британската влада покажуваат дека повеќе од 17.000 луѓе го преминале каналот и пристигнале во Велика Британија од почетокот на годинава.
Лани со брод од Франција пристигнале 28.526 лица, а во 2020 година 8.404 од нив.