Прекрасен и редок феномен забележан е над кратерот на Етна – најактивниот вулкан во Европа испушта кружни прстени од чад, пренесе „Асошиејтед прес“.
Вулканските прстени од чад се природни, речиси совршени кругови на гасови кои избиваат од вулканите под специфични услови, а научниците велат дека Етна произведува повеќе од нив од кој било друг вулкан во светот.
И покрај тоа, феноменот е исклучително редок и е предизвикан од постојаното и континуирано исфрлање на пареа и гасови.
Голем волумен на гас брзо се крева низ централниот дел на кратерот, проширувајќи се и формирајќи совршени прстени додека излегува од кратерот.
Вулканологот Џузепе Барбагало вели дека ова се случува отприлика еднаш годишно, поради што локалното население вулканот го нарекува и „Господарка на прстените“.