Здружението на германски лекари ја повика јавноста да избегнува да бара помош во одделениејата за итна помош ако за време на празниците страдаат само од полесни болести, јави ДПА.
Германското здружение за анестезиологија и медицина за интензивна нега (GDAIM) го упати повикот во соопштение додека државата празнува. Луѓето треба внимателно да размислат дали се способни да се погрижат за некои „полесни заболувања“ дома за време на Божиќ и крајот на годината, рече претседателот на здружението Френк Ваплер.
-Ова би можело да ги ослободи болниците за оние кои навистина имаат сериозна болест и имаат потреба од итна нега – додаде тој.
Анестезиолозите често работат во единиците за интензивна нега или како лекари во итни случаи.
Според него, неколку недели болниците се преоптоварени со пациенти заболени од респираторни инфекции, а болестите ги погодуваат и вработените кои ги лекуваат.
-Сите ние треба да го дадеме својот дел за да се погрижиме оваа ситуација да не се влоши, особено за време на божиќните празници – рече Ваплер.