Фото: Официјален инстаграм профил на Волдимир Зеленски

Телата на 1.000 загинати украински војници се вратени во Украина, а телата на 35 загинати руски војници се вратени во Русија, објави денеска помошникот на рускиот претседател, Владимир Медински.

– Телата на 1.000 загинати украински војници се предадени во Украина. Телата на 35 загинати руски војници и се предадени во Русија – напиша Медински на својот Телеграм канал, пренесе МИА.

На крајот на јануари исто така беше извршена размена и тогаш Русија на Украина и ги предаде телата на 1.000 загинати припадници на украинските вооружени сили, додека Украина на Русија ги врати телата на 38 загинати руски војници.

Пред тоа, како што е наведено од Киев, на 19 декември минатата година беше извршена голема репатријација, кога во Украина беа вратени 1.003 тела на загинати војници.