Падот на уделот на работоспособните луѓе во целокупното население na Европа би можел да го забави годишниот раст на БДП (по жител) за просечно 10.000 долари во текот на следниот четврт век
Загрозена европската способност да генерира добра, потребни за одржување на досегашниот економски и социјален модел
„За да продолжиме да плаќаме за пензиите и здравствената заштита (за постарите луѓе), ја жртвуваме иднината, која е инвестирање во образованието, инвестирање во деца, инвестирање во истражување и развој“, истакна неодамна Бруно Палиер, истражувачки директор на центарот за европски студии и компаративна политика на „Сајенсис По“ во Париз.
Но низа публикувани анализи проценуваат дека во Западна Европа очекуваниот пад на уделот на работоспособните луѓе во целокупното население би можел да го забави годишниот раст на БДП по жител за просечно 10.000 долари во текот на следниот четврт век – што не е „безначајно“ одложување за подобрување на животниот стандард.
На пример, според анализите на Организацијата за економска соработка и развој „за да се одржи истиот раст на животниот стандард виден од 1990-тите“, пресметките се дека „продуктивноста, дефинирана како БДП на работен час, во најголемите европски економии ќе треба да се зголеми од два до четири пати повеќе од темпото од изминатата деценија досега“. Како што сега стојат работите, растот на продуктивноста во Европа всушност – забавува. Тоа ќе го отежне одржувањето на социјалната помош, која во многу европски земји е подарежлива отколку во другите напредни економии.
– Ако не можеме да ја зголемиме продуктивноста, ризикуваме да имаме помалку ресурси за социјално трошење. Нашиот европски начин (на социјална заштита) сега е под притисок. Треба брзо да се приспособиме на променливото геополитичко опкружување и да ја вратиме изгубената позиција во конкурентноста и иновациите. Ако не го сториме тоа, може да ја загрозиме нашата способност да генерираме богатство потребно за одржување на нашиот економски и социјален модел – рече претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард. Р.С.