Рускиот претседател Владимир Путин денеска посочи дека Русија би можела веднаш да престане да ги снабдува европските пазари со гас и да се сврти кон поперспективни пазари.
Европската комисија ќе поднесе законски предлог на 15 април за трајна забрана за увоз на руска нафта, три дена по парламентарните избори во Унгарија, изјавија претставници на ЕУ во документ.
– А сега се отвораат и други пазари. И можеби е попрофитабилно за нас веднаш да престанеме да го снабдуваме европскиот пазар. Ајде да преминеме на тие пазари што се отвораат и да се етаблираме таму. Но, ова не е одлука, ова е, во овој случај, она што се нарекува размислување на глас. Дефинитивно ќе ја упатам владата да работи на ова прашање заедно со нашите компании – му рече Путин на новинарот на руската државна телевизија Павел Зарубин.
– Но, ова не е одлука, ова е, во овој случај, она што се нарекува размислување на глас. Дефинитивно ќе ја упатам владата да работи на ова прашање заедно со нашите компани- рече тој, пренесува МИА.
Путин повтори дека Русија отсекогаш била сигурен снабдувач со енергија и ќе продолжи да соработува на овој начин со оние партнери кои се самите сигурни, како што се Словачка и Унгарија.































