фото: Официјална фејсбук-страна на Руската амбасада во Северна Македонија

Рускиот претседател Владимир Путин ја отвори прес-конференцијата по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп и нагласи дека разговорите „се одржале во конструктивна атмосфера на меѓусебно почитување“.

– Имавме многу темелни преговори што беа доста корисни – изјави тој и му се заблагодари на Доналд Трамп за предлагањето на самитот во Алјаска.

Рускиот претседател наведе за заедничката руска и американска историја во Алјаска и вели дека тоа била „логична“ локација за нивните разговори
Путин изјави дека сегашните односи меѓу САД и Русија „паднале на најниската точка од Студената војна“.

Преминувајќи на суштината на разговорите, Путин вели дека Украина била централна тема во разговореите и го повтори својот став дека конфликтот е заради „фундаментални закани за нашата безбедност“.

Тој вели дека Русија е „искрено заинтересирана“ за крај на конфликтот, но за да биде „траен“, тие треба да ги елиминираат „примарните причини за конфликтот“.

– Се согласувам со претседателот Трамп, како што рече денеска, дека природно, треба да се обезбеди и безбедноста на Украина…Секако, ние сме подготвени да работиме на тоа. Би сакал да се надевам дека договорот што го постигнавме заедно ќе ни помогне да ја приближиме таа цел и ќе го отвори патот кон мир во Украина – рече Путин.

Рускиот претседател ги критикуваше европските лидери, велејќи дека се надева дека нема да го „торпедираат почетниот напредок“.