Рускиот претседател Владимир Путин денеска испрати честитка до белорускиот колега Александар Лукашенко по повод Денот на единството на народите на Белорусија и Русија, во кое ја потенцира важноста од координација на напорите на меѓународната сцена и зајакнување на одбранбените потенцијали на Москва и на Минск.
Во писмото Путин истакнува дека Русија и Белорусија се соочуваат со невиден надворешен притисок и посочи дека најдобар одговор на, како што наведе, „непријателските дејствија“ треба да биде зајакнување на интеграцијата.
– Сигурен сум дека најдобар одговор на непријателските дејствија на голем број земји треба да биде сеопфатното зајакнување на руско-белоруските врски, зајакнувањето на заемно корисните интегративни процеси и билатералната соработка во сите области-истакна Путин.