Рускиот претседател Владимир Путин синоќа пристигна во Владивосток за да учествува на Источниот економски форум, кој се одржува денеска.
– Рускиот претседател ќе има преполна меѓународна програма во пристанишниот град на Далечниот исток на земјата – рече неговиот помошник Јуриј Ушаков.
Тој прецизираше дека Путин конкретно ќе има средби со кинескиот потпретседател Хан Женг, малезискиот премиер Анвар Ибрахим и српскиот вицепремиер Александар Вулин.
На форумот во Владивосток ќе учествуваат вкупно 6.000 гости од 76 земји, меѓу кои и шефови на 650 руски и 44 странски компании.
Претходно Путин ја посети Монголија каде што разговараше со својот монголски колега Ухнаагиин Хурелсух за продлабочување на економските врски, особено за соработката во енергетиката и транспортот.
Путин не е приведен во Монголија, иако Монголија е членка на Меѓународниот кривичен суд, кој издаде налог за негово апсење.