Фото: Твитер/Претседател на Русија

Русија денеска соопшти дека до 2026 година ќе бидат спроведени длабоки реформи во нејзините вооружени сили, вклучувајќи промени во бројот на војници и во администрацијата.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека се очекува бројот на припадници на вооружените сили да се зголеми на 1,5 милиони.

-Само со зајакнување на клучните структурни компоненти на вооружените сили, можно е да се гарантира воената безбедност на државата и да се заштитат новите региони и објекти на критичната инфраструктура на Руската Федерација – рече министерот за одбрана Сергеј Шојгу на средбата со неговите заменици во министерството, со врховните команданти на вооружените сили на Русија и командантите на воените ограноци и воените области за прашањето за спроведување на одлуката на рускиот претседател Владимир Путин за зголемување на бројот на вооружените сили на 1,5 милиони војници.