Русија е подготвена да дејствува како посредник во решавањето на палестинско-израелската криза, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
На самитот на Заедницата на независни држави во Бишкек тој истакна дека е неопходно да се бара мирно решение на конфликтот и дека едноставно нема алтернатива.
-Загубите на цивилите се апсолутно неприфатливи. Најважно сега е да се запре крвопролевањето – рече Путин.