фото: ЕПА

Русија е подготвена да придонесе за решавање на конфликтот со Иран, соопшти Кремљ, нагласувајќи дека претседателот Владимир Путин веќе разговара со лидерите на земјите од Блискиот Исток во насока на изнаоѓање мирно решение.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека претседателот „продолжува со контактите“ и оти Москва останува подготвена да помогне во пренасочување на воената ситуација кон мирна разрешница во најкраток можен рок.

Коментирајќи го говорот на американскиот претседател Доналд Трамп и неговите најави дека размислува за повлекување на САД од НАТО, Песков повтори дека Русија ја смета Алијансата за „непријателска“.

Тој истакна дека намалувањето на тензиите и ублажувањето на последиците од војната може да се постигне единствено преку преговори, додавајќи дека евентуален руско-арапски самит би можел да послужи како важна платформа за дијалог.

За потсетување, Владимир Путин веќе четири години води војна во Украина.