Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ниту една железна завеса нема да падне на руската економија и покрај санкциите воведени од Западот.
Русија, еден од најголемите светски производители на природни ресурси, се соочува со најголемата економска контракција од падот на Советскиот Сојуз во 1991 година.
Запрашан за можни договори со партнери како Кина и Индија во екот на „затворањето“ на руската економија, Путин на телевизиска средба со млади бизнисмени рече дека руската економија ќе остане отворена.
-Нема да имаме затворена економија, немавме и нема да имаме. Немавме затворена економија – поточно, во советско време, кога се отсековме, ја создадовме таканаречената железна завеса, ја создадовме со свои раце. Нема да ја повториме истата грешка – нашата економија ќе биде отворена – рече Путин.
Откако големите американски и европски компании и инвеститори ја напуштија Русија, Москва рече дека ќе се фокусира на развивање на сопствената домашна индустрија и развој на партнерства со Кина, Индија и силите на Блискиот Исток во одвраќање од Западот.
– Земја како Русија не може да биде оградена – додаде Путин, a пренесе Аваз.ба