Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека ширењето на НАТО кон исток е неприфатливо, одговарајќи на прашања за тензиите со Западот, во текот на неговото традиционално годишно обраќање. Тој истакна дека постапките на Русија нема да зависат од преговорите со САД за неговите предложени гаранции, туку од безбедноста на државата, пренесуваат светските медиуми.
– САД поставуваат ракети на нашиот праг… Како би реагирале САД ако ние поставевме ракети во близина на нивните граници со Канада или Мексико – запраша Путин, тврдејќи дека САД „безобѕирно лажеле“ за „петте бранови на проширување“ на НАТО.
– Дали ние се доближивме до нивните граници? Не. Тие се доближија до нашите – категоричен е Путин кој додаде оти постои чувство како Западот и Русија да живеат во „различни светови“.
Путин порача и дека Русија одговара на заканите од Киев, зборувајќи за ситуацијата со Украина кога беше запрашан дали војната е реална закана.
– Мораме да мислиме на можностите за нашата безбедност. Мораме да бидеме бидеме насочени на тоа што се случува во Украина и на тоа кога тие би можеле да нападнат – посочи Путин.
“We must think about the prospects of our own security. We have to keep an eye on what is happening in Ukraine, and on when they might attack,” he says.
Рускиот претседател кажа и дека тековните преговори со САД се позитивни, давајќи назнаки за можни нови директни разговори во претстојната година, откако кажа дека „топката е на нивен терен“.