Фото: Твитер/Кремљ

Русија тестираше нуклеарни балистички ракети, додека растат тензиите околу украинската криза.

Путин и белорускиот претседател Александар Лукашенко од Контролниот центар на палатата во Кремљ го следеа лансирањето на балистички ракети во вежба во која учествуваа нуклеарни тријадни сили.

Вежбите на руските нуклеарни сили вклучуваат лансирање на балистички и крстаречки ракети, соопшти руското Министерство за одбрана.

– Русија успешно ги тестираше своите нуклеарни балистички ракети и хиперсонични ракети како дел од годишните стратешки вежби Гром – соопшти Кремљ.

„Сите проектили ги погодија своите цели“, се вели во соопштението и се додава дека вежбите вклучуваат нуклеарни подморници и бомбардери Ту-95.