Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека речиси тригодишниот конфликт во Украина ќе заврши за „два месеца“ или помалку доколку Западот престане да го поддржува Киев.

– Нема да постојат еден месец ако снемаат пари и, во широка смисла, куршумите. Се би било готово за месец и половина или два – изјави Путин во интервју за руската државна телевизија.

Според него, разговорите со Украина се можни, но не и со нејзиниот претседател Володимир Зеленски, за кого смета дека е „нелегитимен“.

– Ако сака да учествува во преговорите, ќе назначам луѓе да учествуваат во преговорите – рече Путин, нагласувајќи дека Зеленски е „нелегитимен“ бидејќи неговиот претседателски мандат истекол за време на воената состојба.