Мобилната апликација за пристап до социјалната мрежа „Труф соушл“ (Truth Social), развиена на иницијатива на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, од денеска е достапна во „Апстор“.
Креаторите ја лансираат социјална мрежа на националниот празник – Денот на претседателот, кој традиционално се одбележува во третиот понеделник во февруари.
Последните недели од неговиот мандат како претседател на САД, Трамп имаше блокирани профили на Твитер, Фејсбук и Инстаграм. Ова се случи набргу откако неговите приврзаници упаднаа во Конгресот на 6 јануари 2021 година и се обидоа да го спречат одобрувањето на резултатите од минатогодишните претседателски избори.
Во врска со инцидентот, демократите почнаа постапка за импичмент на Трамп. Сепак, Сенатот на Конгресот не ја поддржа иницијативата.