Фото: Пиксабеј

Во близина на метро станицата Клемансо во Брисел беше регоистрирано пукање што предфизвика и хаос на линиите на метрото и трамвајот во главниот град на Белгија.

-Фотографиите од надзорните камери покажуваат дека осомничените побегнале кон метро станицата Клемансо – изјави Сара Фредерик, портпаролка на јужната бриселска полиција.

Во престрелката нема жртви, но полицијата соопшти дека осомничените можеби се во тунелите на метрото, но линиите на метрото се затворени од безбедносни причини, јавија бриселските медиуми.