И покрај студеното и дождливо време, околу 700.000 луѓе го посетија Октоберфест во првиот викенд од манифестацијата, објавија денеска организаторите.
Тоа е значително помалку од еден милион луѓе, бројот на посетители истиот ден во 2019 година пред пандемијата на коронавирус.
Околу 9.000 луѓе облечени во традиционални баварски носии излегоа на улиците на Минхен како дел од традиционалната годишна парада.
Учесниците на парадата низ градот дојдоа од цела Германија, а имаше и групи од САД и Канада.