Пронајдена е една од црните кутии на авионот на компанијата „Чајна истерн“, кој со 132 патници се урна неделава во јужниот дел на Кина, објави кинеското цивилно воздухопловство.
Сепак, уредот е толку оштетен што не е јасно дали е пронајден снимачот на податоци за летот или гласовните снимки од пилотската кабина.
Не е пронајден ниту еден преживеан во падот на авионот на летот МУ5735 во брдскиот терен во близина на Вужоу, што се случи во понеделникот.
Станицата за следење на летови „Флајт радар“ објави дека Боингот 737 брзо се спуштил, а потоа малку ја повратил висината по што нагло се урнал.
Контролата на летање се обидела да стапи во контакт со екипажот повеќе пати во текот на инцидентот, но не добиле одговор.
Потрагата по патници во средата е одложено поради обилните врнежи од дожд, што ја отежнува работата на спасувачките тимови поради мочурливите и лизгави услови на теренот. Сепак, експертски тим стигна до местото на несреќата.