Телото на воениот командант на Хезболах, Фуад Шукр е пронајдено во урнатините во јужните предградија на либанската престолнина Бејрут, изјавија денеска два неименувани безбедносни извори.
Израелската војска вчера објави дека го убила највисокиот командант на Хезболах, Шукр.
Израел го обвини Шукр за нападот изминатиот викенд во кој загинаа 12 деца и тинејџери на Голанската Висорамнина окупирана од Израел.