Поранешниот британски принц Ендру е приведен под сомнение за недолично однесување на јавна функција.
Полицијата соопшти дека привела 60-годишен маж од Норфолк под сомнение за недолично однесување на јавна функција и оти се вршат претреси на адреси во Беркшир и Норфолк.
Во соопштението се наведува дека нема да го откријат името на приведениот бидејќи истрагата е во тек.
Претходно, на принцот Ендру, братот на кралот Чарлс III, му беше одземена титулата и се исели од резиденцијата во Виндзор поради поврзаност со сексуалниот предатор Џефри Епстин.
Принцот Ендру оттогаш е познат како Ендру Маунтбатен Виндзор.
Извор: МИА


































