фото: Сараевска влада

Полициски службеници на Федералната полициска управа вчера под надзор на Обвинителството на Босна и Херцеговина го идентификуваа лицето кое во изминатиот период преку социјалните мрежи ТикТок и Фејсбук објавуваше различни содржини, меѓу кои имаше повици за убиство на полицајци, јавуваат локалните медиуми.

– Лицето е кривично процесуирано во просториите на Федералната полициска управа во Сараево, против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело – соопштија од полицијата.

Како што се додава, станува збор за Осман Малагиќ, роден 1996 година, со живеалиште во Сараево, пишуваат медиумите од Босна и Херцеговина.