Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека киднапирањето на главниот директор на нуклеарната централа „Запорожје“ е чин на руски терор.
– Ова е уште еден пример за јасен чин на руски терор, за што терористичката држава мора да сноси се поголема казна – истакна Зеленски во синоќешното видеообраќање.
Руска патрола го уапсила Игор Мурашов во петокот, објави во саботата државната компанија задолжена за електраната, а Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека Русија го потврдила случајот.
МААЕ апелира за ослободување на Мурашов, бидејќи неговото притворање претставува закана за безбедноста.