На специјална седница на Генералното собрание на ОН, Украина и западните земји апелираа до меѓународната заедница да ја поддржи нацрт-резолуцијата на Генералното собрание на ОН, со која се осудува руската специјална операција во Украина се повикува на итен прекин на огнот.
– Ова е историски момент. Многупати во минатото меѓународната заедница беше слепа или бавна да реагира на тековните трагедии. Цената за тоа ја платија генерации. Не смееме повторно да ја правиме истата грешка и мора да направиме нешто – изјави евроамбасадорот во ОН, Олоф Ског, пренесуваат агенциите.
Западот и Украина тврдат дека војната ги загрозува принципите на ОН и меѓународниот поредок.
– Ако Украина не преживее, нема да има илузии ниту за меѓународниот мир ниту за ОН. Ако Украина не преживее, немојте да се чудите дека следна ќе падне демократијата – изјави украинскиот претставник во ОН, Серги Кислија.
Рускиот претставник во ОН, Василиј Небензја, изјави дека Москва дејствува во самоодбрана и рече дека специјалната операција е одбрана на принципите на повелбата на ОН.