Демонстрантите денеска упаднаа во канцеларијата на премиерот на Шри Ланка додека претседателот побегна од земјата само неколку часа пред да поднесе оставка поради катастрофалната економска криза што предизвика сериозен недостиг на храна и гориво.
Во последниве денови, демонстрантите окупираа неколку владини згради барајќи од нивните највисоки лидери да се повлечат.
Претседателот Готабаја Раџапакса, неговата сопруга и двајца телохранители се качија на авион на воздухопловните сили на Шри Ланка, кој летал за Мале, главниот град на Малдивите.
Раџапакса се согласи да поднесе оставка под притисок. Премиерот Ранил Викремесинге изјави дека ќе се повлече откако ќе се формира нова влада. Заминувањето на претседателот уследи по повеќемесечните демонстрации кои кулминираа во саботата кога демонстрантите упаднаа во неговиот дом, канцеларија и официјалната резиденција на неговиот премиер.
Вршителот на должност премиер на Шри Ланка, Ранил Викремесинг прогласи вонредна состојба, откако претседателот Готабаја Раџапакса побегна на Малдивите поради протестите поради економската криза. Вонредна состојба е прогласена во цела земја, а во западната провинција воведен е полициски час. Одлуката веднаш стапува во сила.
Викремесинге претходно беше именуван за вршител на должноста претседател на државата. Раџапакса, кој ја напушти земјата го овластил Викремесинге да постапува во негово име.