Фото: Пиксабеј

Истражителите во Соединетите Американски Држави почнаа да го претресуваат поранешниот ранч на покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн во Ново Мексико, пренесе „Алџезира“.

Властите постапуваат врз основа на нови информации објавени во јануари од американското Министерство за правда, меѓу кои се наоѓа и тврдење дека Епштајн наредил телата на две девојчиња да бидат закопани во ридовите во близина на имотот.

Според очевидци, во текот на претресот се користат специјално обучени кучиња, а присуствуваат и припадници на државната полиција, како и возило на противпожарно-спасувачката служба.

Минатиот месец Ново Мексико стана првата американска држава што формираше законодавна „комисија за вистина“ со цел да ја испита можнота јавна корупција што овозможила Епстин тајно да дејствува на ранчот цели 26 години.

Имотот на Епстин, кој во 2023 година беше продаден на бизнисменот од Тексас Дон Хафинс и преименуван во ранч „Сан Рафаел“, им овозможи на истражителите пристап за претрес. Новите сопственици целосно соработуваат со истрагата – соопшти Министерството за правда.