Премиерот на Хаити Ариел Хенри поднесе оставка по повеќeнеделен притисок од зголеменото насилство во оваа сиромашна карипска земја и откако договори распоредување на околу 1.000 војници од Кенија под покровителство на ОН, за да се врати поредокот во земјата.
Бандите дивеат во Хаити веќе со недели, со напади против полицијата и други државни институции убиени се стотина лица. Во меѓувреме, лидерите од регионот преку регионална организација се обидуваат да го вратат поредокот во земјата.
Бандите нападнаа затвор во главниот град од каде избегаа стотици затвореници, и зазеле десетици полициски станици и некои владини институции. Во источниот дел на земјата повеќе од 30.000 луќе се раселени и има многу убиени.
Хенри беше во Кенија каде го потпиша договорот но не можеше да се врати во Хаити поради обидите на бандите да го заземат главниот аеродром во Порт о Пренс. Тој сега се наоѓа во Порторико, што е под американска управа.
Бандите, кои се тешко вооружени и поврзани со семејни кланови, побараа оставка од Хенри кој дојде на власт во 2021 година без избори по атентатот на неговиот претходник Јовенел Моисе.
– Владата што ја предводам ќе даде оставка веднаш по назначување на транзициски совет – изјави тој синоќа.
– Сакам да му се заблагодарам на народот во Хаити за дадената можност. Ги замолувам сите да задржат смиреност и да се обидат да сторат сѐ што можат да се врати мирот стабилноста што е можно поскоро – рече тој.
Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, вчера вети помош од 100 милиони долари за околу 1.000 кениски војници кои доаѓаат во Хаити под покровителство на ОН.
Се најавува воведување на полициски час во земјата што треба да трае до средината на април.