Преговорите за мир во Украина се можни само доколку имаат за цел да воспостават „нов светски поредок“ без американска доминација – изјави денеска во Турција рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Преговорите може да се случат само ако се земат предвид руските интереси – рече Лавров на заедничката прес-конференција со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
– Станува збор за принципите на кои ќе се заснова новиот светски поредок – објасни рускиот министер.