АНАЛИЗА: ШТО БИ СЕ СЛУЧИЛО ДОКОЛКУ ЕМАНУЕЛ МАКРОН РЕШИ ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА?
Со објавувањето во интервју за „Ле поинт“ во вторникот вечер дека е кандидат „на следните“ претседателски избори – а не на оние од 2027 година – поранешниот премиер и претседател на Хоризонти, Едуар Филип, ја нафрла идејата дека може да има предвремени претседателски избори. За да се случи ова, Емануел Макрон ќе треба да биде разрешен – што веројатно нема да се случи – или ќе треба да одлучи да поднесе оставка, како што направи генералот Де Гол на 28 април 1969 година, откако го загуби својот уставен референдум
Тони Гламчевски,
дописник на „Нова Македонија“ од Стразбур
Доколку Емануел Макрон одлучи да поднесе оставка, ќе се воведе институционална процедура што ќе доведе до нови претседателски избори… без нужно да се реши сегашната ќор-сокак ситуација, за која највиновен е Макрон. Тој сакаше да владее ни десно, ни лево, туку во средината, црпејќи од кадрите на неоголистите, центарот и социјалистите за важните места во Владата. Макрон успеа само да го сруши биполарниот политички систем, зајакнувајќи ги екстремистите од десницата и радикалната левица, отворајќи им булевар на крајнодесничарскиот Национален собир и на Марин Ле Пен.
Со објавувањето во интервју за „Ле поинт“ во вторникот вечер дека е кандидат „на следните“ претседателски избори – а не на оние од 2027 година – поранешниот премиер и претседател на Хоризонти, Едуар Филип, ја нафрла идејата дека може да има предвремени претседателски избори. За да се случи ова, Емануел Макрон ќе треба да биде разрешен – што веројатно нема да се случи – или ќе треба да одлучи да поднесе оставка, како што направи генералот Де Гол на 28 април 1969 година, откако го загуби својот уставен референдум.
Претседателот на француската република може да одлучи да поднесе оставка за време на мандатот, без да има потреба од оправдување. Постапката е предвидена во членот 7 од Уставот.
– Во случај на празно место во Претседателството на Републиката од која било причина или на пречка констатирана од страна на Уставниот совет, преземена од Владата, се одлучува со апсолутно мнозинство од нејзините членови, функциите на претседателот на Републиката привремено ги врши претседателот на Сенатот и, доколку тој за возврат е спречен да ги врши овие функции, Владата. Доколку Емануел Макрон поднесе оставка, неговиот мандат веднаш ќе заврши предвреме и претседателот на Сенатот на ЛР, Жерар Ларше, ќе дејствува како привремен претседател до претседателските избори што се одржуваат, освен во случаи на виша сила забележана од Уставниот совет, најмалку дваесет дена и најмногу триесет и пет дена по отворањето на празнината на функцијата или прогласувањето на дефинитивната природа на спреченоста – се наведува во образложението.
Оставката на претседателот нема влијание врз мандатот на пратениците избрани на последните парламентарни избори
Оставката, сепак, нема да има ефект врз мандатот на пратениците избрани на последните парламентарни избори на 30 јуни и 7 јули. Тие ќе останат на функцијата бидејќи Собранието не може да се распушти во текот на годината по претходното распуштање. Понатаму, привремениот претседател не може да распушти или да организира референдум, со што се елиминира секоја можност за модификација на институциите.
Конечно, останува едно трнливо прашање: ако Емануел Макрон не го заврши својот втор мандат во целост, дали може да се кандидира за претседател? Уставот, кој од 2018 година пропишува дека „никој не може да има повеќе од два последователни мандата“, не кажува ништо на оваа тема. Уставниот совет би требало да го толкува основниот закон. Повеќето конституционалисти, сепак, сметаат дека Емануел Макрон не може повторно да се кандидира.