Фото: Пиксабеј/IИлустрација

Пожар избувна денеска на пристаниште во областа Пендик во Истанбул, јави телевизијата Си-ен-ен-турк.

Пожарот избувнал околу 12 часот по локално време на пристаништето. Се претпоставува дека се запалил резервоар за гориво за чамци и јахти.

Густ црн чад се крена над областа, предизвикувајќи паника кај луѓето. Многу противпожарни возила се испратени во областа. Според последните информации на Си-ен-ен-турк, пожарот е ставен под контрола.

Нема информации за настрадани. За случајот е покрената истрага.