Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека над шест милиони домаќинства во земјата биле погодени од прекини на струја, два дена по целните руски напади врз енергетската инфраструктура на Украина.
– Од оваа вечер, прекините на струја продолжуваат во повеќето региони (на Украина) и во Киев. Вкупно, повеќе од шест милиони претплатници се погодени – наведе Зеленски во своето секојдневно обраќање преку социјалните мрежи.