Фото: ЕПА

Еден ден пред претседателските изборите во САД веќе гласаа повеќе од 78 милиони луѓе. Предвременото гласање продолжува денеска во три други клучни држави: Мичиген, Висконсин и Пенсилванија.

Во Северна Каролина, една од седумте клучни држави кои би можеле да го одлучат исходот од изборите, предвреме гласаа повеќе од 4,4 милиони луѓе, со што е соборен рекордот од 2020 година, кога пред денот на изборите гласаа 3,6 милиони луѓе.

Во 2020 година беа забележани 101,5 милиони предвремени гласови, но тоа во голема мера се должеше на ковид-19 и голем број граѓани се обидуваа да ги избегнат гужвите на избирачките места.

Додека на изборите во 2016 година предвремено гласаа 47,2 милиони граѓани, а во 2012 година нивниот број изнесуваше 46,2 милиони.