Земјите членки на ЕУ воведуваат нови заострени процедури
за патниците на аеродромите
Построги правила поврзани со носењето течности и гелови во рачниот багаж повторно ќе стапат во сила од 1 септември на сите аеродроми во Европската Унија, соопшти аеродромот во Франкфурт.
На патниците ќе им биде дозволено да носат течност или гел до 100 милилитри, спакувани во проѕирна пластична ќеса со максимален волумен од еден литар. Од новите прописи се исклучени лековите и течната храна за бебиња.
Безбедносните правила за течности и гелови првпат беа воведени во 2006 година, а беа олеснети на некои аеродроми каде што багажот можеше да се провери со помош на скенери. Но, повторното воведување поригорозни мерки се должи на сомневањето на ЕУ во веродостојноста на новите скенери. Р.С.