Фото: Маја Јаневска-Илиева

Десничарската влада на Португалија, која нема апсолутно мнозинство во Парламентот, денеска постигна договор со ултрадесничарската партија за усвојување измени на Законот за натурализација на странците.

– Ќе имаме нов закон за државјанство, што значително ќе го зголеми времето потребно за имигрантите да добијат португалско државјанство – изјави лидерот на парламентарната група на Социјалдемократската партија, Луза Уго Соареш.

За измените на Законот ќе се гласа во текот на денот.

– Португалија сега се приклучува на групата европски земји, каде што стекнувањето државјанство ќе биде потешко – наведе претседателот на популистичката партија Доста е!, Андре Вентура, додавајќи оти договорот е постигнат по месеци преговори, благодарение на „отстапките од двете страни“.

Во Португалија до крајот на 2024 година живееја над 1,5 милиони имигранти, што претставува околу 15 проценти од вкупното население и речиси четирипати повеќе во споредба со 2017 година.