Фото: Пиксабеј

Најмалку 30 деца починаа во Велика Британија од инвазивни стрептококи А од 19 септември, јави Би-би-си.

Британската здравствена агенција соопшти дека од тој датум досега во Англија починале 122 лица од инвазивна форма на бактериска инфекција.

Меѓу починатите има 25 лица помлади од 18 години, а уште три смртни случаи на деца се потврдени во Северна Ирска и Велс. Во средата, јавното здравство на Шкотска потврди дека две деца починале.