Божикните планови на луѓето од целиот свет се драматично нарушени со откажувањето на повеќе илјади летови за празничниот викенд, додека бројот на заразени со ковид-19 се зголемува.
Авиокомпаниите посочија дека недостатокот од здрав персонал е главната причина за откажувањето на речиси 2.400 летови во текот на вчерашниот ден и уште 2.300 денеска.
Повеќе од 800 од овие откажани летови биле кон или полетувале од американските аеродроми.
Во Европа, ограничувањата на патувањата се меѓу мерките чија цел е да се намали бројот на нови случаи.
Иако веќе неколку студии утврдија дека заразата со Омикрон е со поблаги симптоми во споредба со претходните соеви на коронавирусот, здравствените експерти се внимателни пред се заради високите бројки на нови случаи кои се регистираат во САД и Европа.