Полска забрани увоз на жито и друга храна од Украина со цел да го заштити својот земјоделски сектор.
Големи количества украински жито, што е поевтино од тоа што е произведено во Европска Унија, заврши во Полска и други централноевропски земји, што доведе до намалување на цената и ја погоди продажбата на локалните земјоделци.
Тоа создаде политички проблем за владејачката партија Право и правда во изборната година.
– Ние сме и остануваме непроменети пријатели и сојузници на Украина. Ќе ја поддржиме и ја поддржуваме … Но, должност на секоја држава, на секоја власт, добра власт е во секој случај е да ги заштити интересите на своите граѓани, изјави лидерот на Право и правда, Јарослав Качински.
Тој додаде дека Киев е информиран за одлуката, како и оти Полска е подготвена да започне преговори со Украина за решавање на проблемот со житото.
Унгарскиот министер за земјоделство Иштван Наѓ изјави дека Унгарија привремено го суспендира увозот на украинско жито и други прехранбени производи од Украина.
– Владата е посветена на застапување на интересите на унгарската земјоделска заедница, поради што, во отсуство на значајни мерки на ЕУ, привремено го забранува увозот на житарки и маслодајни семиња со потекло од Украина – изјави Наѓ.
Вчера и Полска забрани увоз на жито и друга храна од Украина со цел да го заштити својот земјоделски сектор.
– Ние сме и остануваме непроменети пријатели и сојузници на Украина. Ќе ја поддржиме и ја поддржуваме … Но, должност на секоја држава, на секоја власт, добра власт е во секој случај е да ги заштити интересите на своите граѓани, изјави лидерот на владејачката партија Право и правда, Јарослав Качински.