Полска и САД ќе потпишат договор за испорака на логистичка поддршка за системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ во вредност од речиси две милијарди долари, изјави денеска полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш.
-Безбедноста на полското небо нема цена – рече Косињак-Камиш, додавајќи дека ракетната одбрана и соработката со САД се приоритети за Полска.
Договорот со САД се однесува на обезбедување логистичка поддршка за системот „Патриот“ и вклучува компоненти за техничка поддршка, како и обука на персоналот.