Полските и сојузничките борбени авиони беа активирани рано утринава за да се обезбеди безбедност на полскиот воздушен простор, откако Русија изврши воздушни напади во западна Украина – соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили, а пренесува „Ројтерс“.
– Преземените чекори се насочени кон обезбедување безбедност во регионите кои граничат со загрозени подрачја – соопшти полската команда.