Русија никогаш не планирала напади врз украинските објекти со опасни хемикалии и никогаш не ги нападна, изјави првиот заменик претставник на Руската Федерација во Обединетите нации Дмитриј Полјански.
Советот за безбедност на ОН денеска расправа за инцидентите поврзани со токсични хемикалии во Украина, пренесуваар руските медиуми.
– Би сакале да повториме дека руските вооружени сили никогаш не планирале или извршиле напади врз ниту еден украински објект каде што биле складирани отровни материи – изјави Полјански во Њујорк.