Фото: Пиксабеј

Мнозинството од Полјаците се против учеството на нивни војници во мултинационални мировни сили во Украина, покажува анкетата на агенцијата SW Research, пренедува ДПА.

Анкетата, нарачана од полскиот весник „Република“, покажува дека 61,1% од испитаниците се против, 17,3% се за и 21,6% неодлучни за евентуално распоредување полски војници во Украина.

Мажите се повеќе против отколку жените, а против се и мнозинството од жителите на градовите и помладите луѓе, за разлика од анкетираните во руралните средини и постарите лица кои би поддржале таков чекор.

Во Европа со месеци се води дебата за евентуалното распоредување на мировни сили доколку се договори прекин на огнот во Украина.

Полскиот премиер Доналд Туск ја исклучи можноста од директната воено учество, но понуди логистичка и политичка поддршка.

Полска дели граница со Украина во должина од над 500 километри.

Според агенцијата на ОН за бегалци, УНХЦР, во Полска во јули се регистрирани околу еден милион украински бегалци, веднаш по Германија со 1,2 милиони.