Фото: Пиксабеј

Венс Лутер Боелтер (57), осомничен за убиството на конгресменката Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, како и за ранувањето на уште еден демократ, сенаторот Џон Хофман и неговата сопруга Ивет, беше уапсен во неделата – изјави гувернерот на Минесота, Тим Волц.

Волц рече дека Боелтер бил вооружен кога бил приведен – објави „Ројтерс“, а пренесе „Танјуг“.

По убиството на Хортман, водечката демократска конгресменка во Претставничкиот дом на Минесота, и нејзиниот сопруг Марк, во саботата, е започната масовна потера.

Боелтер е обвинет по две точки за убиство од втор степен и две точки за обид за убиство од втор степен.

Волц рече дека Хофман се опоравува по операцијата.

Боелтер е осомничен за убиство на демократска конгресменка од Минесота и нејзиниот сопруг во сомнително „политички мотивирано убиство“ во саботата, додека се претставувал како полицаец.

ФБИ и локалната полиција оттогаш започнаа масовна потера по вооружениот напаѓач, кој избега пеш откако пукаше во полицијата и го напушти возилото во кое полицајците пронајдоа манифест и список на други пратеници и функционери.

Убиството на пратеничката Хортман и нејзиниот сопруг предизвика негодување кај републиканските и демократските политичари низ целата земја и повици за помирна политичка реторика.