Сите официјални претставници освен американскиот претседател Џо Бајден ќе бидат превезени со луксузни автобуси. Бајден ќе пристигне со својата блиндирана лимузина наречена „Ѕвер“.
Друг предизвик е големиот број луѓе што се очекуваат околу Вестминстерската палата и по должината на рутата по која ќе се движи ковчегот, покрај Бакингемската палата и Хајд Парк. Оттаму со специјален автомобил ќе биде пренесен на околу 30 километри до Виндзор каде што ќе дежураат уште околу 2.000 полицајци.
Полицијата постави повеќе од 36 километри ограда во центарот на Лондон за да ја контролира толпата, а ќе бидат засилени и метрото и железницата. Во центарот на Лондон се очекува да се соберат околу еден милион луѓе.
Кралицата ќе биде погребана во капелата Свети Џорџ во Виндзор покрај нејзиниот сопруг принцот Филип.
Ковчегот со телото на кралицата ќе се премести од зградата на Парламентот во Вестминстер во блиската Вестминстерска палата од 10.45 часот по локално време (11.45 часот по средноевропско време). Службата започнува во 11 часот, односно напладне по средноевропско време и ќе трае еден час.
Покрај надбискупот од Кентербери, ќе говори и британската премиерка Лиз Трас и претставници на други верски конфесии.
По богослужбата, ковчегот ќе биде превезен со кочија низ Лондон, во придружба на семејството до Велингтон Арх, поминувајќи покрај Бакингемската палата. На крајот, ковчегот ќе биде префрлен од кочијата во специјално дизајниран автомобил кој со малку поголема брзина ќе го однесе до замокот Виндзор, каде што ќе се изврши погребот. Возењето низ Лондон до Виндзор ќе трае околу четири часа.
Опелото во Виндзор ќе започне околу 16 часот и на него ќе присуствуваат само најблиските членови на семејството